Линкови за пристапност

Предлог за забрана на оружје во близина на политички лидери


Предлог за забрана на оружје во близина на политички лидери
Предлог за забрана на оружје во близина на политички лидери

Градоначалникот Мајкл Блумберг само ја засили тезата со изјавата дека во просек, секојдневно од огнено оружје се убиваат 34-ца Американци

Конгресменот Питер Кинг од сојузната држава Њујорк е првиот републикански член на Конгресот што предлага легислатива како реакција на вооружениот инцидент во Тусон, Аризона, при што беше повредена конгресменката Габриел Гифордс, а загинаа шест лица, вклучувајќи и федерален судија. Според предлогот на Кинг, би било илегално да се поседува огнено оружје на растојание од 300 метри од настан на кој присуствува претседател, потпретседател, членови на Конгрес, членови на кабинетот, директорот на Централната разузнавачка агенција и федерални судии. Кинг потенцираше дека мерката не ги третира членовите на Конгресот како посебна класа.

„Факт е дека тие ги претставуваат луѓето кои всушност ги избираат. Битно е за да продолжи контактот и разговорот меѓу граѓаните и нивните претставници, безбедноста на сите на такви средби да биде загарантирана“, истакна конгресменот Кинг.

Комесарот на њујоршката комисија Реј Кели, изјави дека 65 проценти од убиствата во Њујорк се изведени со огнено оружје. Тој додаде дека 90 проценти од илегалното локално оружје доаѓа од други држави. Градоначалникот Мајкл Блумберг само ја засили тезата со изјавата дека во просек, секојдневно од огнено оружје се убиваат 34-ца Американци. Блумберг е на чело на група од 500 градоначалници од САД кои се против илегалното оружје. Тој се заблагодари на претседателот Барак Обама за реакцијата на предгог на групата за следење на илегалната купопродажба на пушки што го разгоруваат насилството поврзано со дрога долж американско-мексиканската граница. Тоа е само еден од 40-те предлози на оваа група.

Блумберг додаде дека дополнителните чекори за ефикасна контрола на оружјето е и отстранување на недостатоците при проверка на минатото на купувачот на оружје за да се спречи познат трговец со дрога или ментално нестабилна личност, на пример, да може да купи оружје. Градоначалникот на Њујорк воедно ги повика федералните агенции на поефикасно споделување на информациите, подвлекувајќи дека претставници на американската армија знаеле дека обвинетиот напаѓач од Аризона користел дрога, но не ја поделиле таа информација со федералните агенции.

Градоначалникот на Јорк, Пенсилванија, Ким Брејси пак предупреди дека доколку законодавците не реагираат по предлозите за намалување на насилството со оружје, Американците ќе бидат сведоци на уште вакви масовни убиства.

XS
SM
MD
LG