Линкови за пристапност

Американски воен трибунал предложи затворска казна за поранешен помошник на Осама бин Ладен


Американски воен трибунал предложи затворска казна за поранешен помошник на Осама бин Ладен
Американски воен трибунал предложи затворска казна за поранешен помошник на Осама бин Ладен

Притвореникот по потекло од Судан минатиот месец се изјасни за виновен по обвинението за заговор и обезбедување на финансиска поддршка за тероризам.

Американскиот воен трибунал предложи 14-годишна казна затвор за лицето кој своевремено бил готвач и сметководител за потребите на Ал Каида.

Поротата во американскиот притворен центар во Гвантанамо на Куба по едночасовна расправа донесе одлука за казната на Ибрахим Ахмед Махмуд ал-Коси. Предлогот ќе биде разгледан од Пентагон пред конечното изрекување на казната.

Притвореникот по потекло од Судан минатиот месец се изјасни за виновен по обвинението за заговор и обезбедување на финансиска поддршка за тероризам. Тој е четврти притвореник од Гвантанамо кој се очекува да биде осуден од отварањето на центарот во 2002-та наваму.

Ал-Коси е обвинет дека бил сметководител и готвач за Ал-Каида во 1990-те години. Тој наводно подоцна му бил и шофер и телохранител на Осама бин Ладен.

XS
SM
MD
LG