Линкови за пристапност

Проценка на притворениците од Гвантанамо во протекнати документи


Проценка на притворениците од Гвантанамо во протекнати документи
Проценка на притворениците од Гвантанамо во протекнати документи

Пентагон и Стејт депарментот го осудија објавувањето на документите

Стотици новообјавени документи на американската армија даваат детални извештаи за поголемиот дел од 700-те лица кои беа притворени во американскиот воен затвор во Заливот Гвантанамо на Куба.

Во нив се наведува дека повеќето од 172-цата кои се` уште се во притвор и натаму претставуваат „голем ризик“ за САД и сојузниците доколку бидат ослободени без соодветна рехабилитација или надзор.

Од 2002-та, кога во Гвантанамо беше префрлен првиот притвореник, на слобода беа пуштени околу 600 лица.

Според весникот Њујорк тајмс, разузнавачките податоци покажуваат дека третина од ослободените биле дефинирани како „голем ризик“ пред да бидат ослободени или префрлени во надлежност на други влади.

Њујорк тајмс и други новински организации, меѓу кои Вашингтон пост и Дејли телеграф, во денешните изданија објавија детали од извештаите откако ги добија од Интернет-страницата Викиликс.

Американскиот Оддел за одбрана и Стејт департментот остро го осудија обелоденувањето на документите наречени Брифинзи за проценка на притворениците. Тие велат дека биле напишани врз основа на информациите на располагање во тој момент, и дека не значи дека го претставуваат сегашниот став за притворениците.

XS
SM
MD
LG