Неделава се одвиваат судски процеси против притворениците од Гвантанамо – првите откако владата на претседателот Обама стапи на власт.
Армиска комисија понеделникот навлезе во завршен дел на процесот против Ибрахим Ахмед Махмуд ал-Коси, Суданец кој минатиот месец се изјасни за виновен за заговор и пружање на материјална поддршка за тероризам. Коси е обвинет дека бил сметководител, исплаќач, набавувач и готвач за Ал-Каида во 1990-те. Подоцна наводно работел и како телохранител на Осама бин Ладен.
Во вторник ќе започне процесот против канадскиот државјанин Омар Кадр, најмладиот затвореник во Гвантанамо, кој имал само 15 години кога бил уапсен во Авганистан во 2002. Кадр е обвинет дека активирал граната од која загинал американски војник.