Линкови за пристапност

Средба Груевски-Папандреу: дипломатите оптимисти, аналитичарите со резерви


Средба Груевски-Папандреу: дипломатите оптимисти, аналитичарите со резерви
Средба Груевски-Папандреу: дипломатите оптимисти, аналитичарите со резерви

Очекувањата од средбата меѓу аналитичарите во Македонија не се големи – оценуваат дека е тешко да се очекува дека ќе дојде до битно поместување во процесот за изнаоѓање на обострано прифатливо решение. Но затоа претставниците на меѓународите фактори се поголеми оптимисти.

Во четврток во Брисел се одржува третата по ред средба на премиерите на Грција и Македоија, Јоргос Папандреу и Никола Груевски.

Очекувањата од средбата меѓу аналитичарите во Македонија не се големи – оценуваат дека е тешко да се очекува дека ќе дојде до битно поместување во процесот за изнаоѓање на обострано прифатливо решение. Но затоа претставниците на меѓународите фактори се поголеми оптимисти.

Средба Груевски-Папандреу: дипломатите оптимисти, аналитичарите со резерви
Средба Груевски-Папандреу: дипломатите оптимисти, аналитичарите со резерви

Американскиот амбасадор во Скопје Филип Рикер очекува напредок.

„Средбата е извонредна можност да разговараат и да постигнат напредок околу прашањата што ги оптоваруваат односите меѓу двете земји и да помогнат за придвижување на преговарачкиот процес. Во овој критичен момент тоа е од големо значење за економскиот раст и за напредокот на Македонија, како и за целиот регион. Затоа, сега е вистинскиот момент со посредство на ОН да се најде решение за овој проблем“, изјави Рикер средата.

Оптимизам изрази и првиот човек на Европскиот парламент Јиржи Бузек. Тој изјави дека го охрабрил Груевски да се изнајде заемно прифатливо решение за проблемот со името и оти е оптимист.

Во ист тон е и коментарот на известувачот во Европскиот парламент за Македонија, Зоран Талер, кој смета дека средбата Груевски - Папандреу е позитивен чекор.

„Тешко е да се каже што очекуваме од средбата, бидејќи не знаеме дали се извршени конкретни обиди да се најде решение за проблемот. Папандреу даде повеќе ветувања дека е подготвен да се реши проблемот, а исто така и премиерот Груевски. Се надеваме дека двете страни ќе го решат овој проблем и ќе реагираат брзо со цел за време на шпанското претседателство да имаме зелено светло за Македонија да почне преговори за членство во Унијата“, вели Талер.

Тој смета дека постојат големи шанси за решавање на проблемот бидејќи, како што вели, имало „повеќе отворени идеи“.

„Медијаторот Метју Нимиц е се` повеќе присутен и активен, како и европратеникот за проширување Штефан Филе“, потенцира Талер и порачува дека сега е потребен компромис што нема да биде наметнат од страна, туку ќе биде постигнат од премиерите на двете земји.

Во пресрет на новата средба на премиерите на Македонија и на Грција, од Атина се огласи заменик- шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас.

Според него, директните контакти меѓу двете страни можат да го помогнат процесот што се води под покровителство на ОН.

„Грција сака заемно прифатливо решение и има политичка волја за затворање на прашањето. Нашата позиција и „националната црвена линија“ се добро познати. Очекуваме политичкото раководство на ПЈРМ да го смени својот пристап, да настапи конструктивно на преговарачката маса во ОН и ако постои политичка волја, проблемот наскоро може да се реши“, изјави Друцас.

Груевски пред средбата, пак, изјави дека е неблагодарно да се прогнозира нејзиниот успех со оглед на тоа што станува збор за тежок и многу сериозен проблем, а шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски оцени дека секоја размена на идеи и мислења може да биде полезна за билатералниот спор.

Во Брисел за две недели се очекува да дојде и посредникот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц. Според најавите, тој ќе се сретне со еврокомесарот Филе, кој призна дека има чести контакти со посредникот на ОН.

XS
SM
MD
LG