Линкови за пристапност

Грција со се` помали шанси за отплата на долгот


Намалениот рејтинг може да ги отежни обидите за добивање на дополнителни пари за спас на економијата.

Грчките напори за контрола врз растечкиот долг се соочуваат со нова пречка.

Фич рејтинг, една од светски најголемите агенции за кредитен рејтинг, во петокот го спушти статусот на Грција заради загриженост дека владата нема да биде во можност да го отплати долгот во висина од 70 милијарди долари.

Грција до крајот на мај мора да собере 15 милијарди долари, но нервозните инвеститори придонесоа за зголемување на владините трошоци за заеми на рекордно високо ниво. Намалениот рејтинг може да ги отежни обидите за добивање на дополнителни пари за спас на економијата.

Во соопштението на агенцијата се наведува и дека Грција најверојатно ќе мора да го прифати пакетот помош од ЕУ и од Меѓународниот монетарен фонд.

Францускиот претседател Николас Саркози во петокот истакна дека земјите од евро-зоната се подготвени да помогнат во секој момент. Но, грчкиот министер за финансии Џорџ Папаконстантиноу подвлече дека Грција има намера самата да го исплати долгот.

XS
SM
MD
LG