Линкови за пристапност

Грчката полиција пресретна пратки-бомби


Грчката полиција пресретна пратки-бомби
Грчката полиција пресретна пратки-бомби

Полицијата наведува дека не нашла врска меѓу осомничените и неодамна откриениот бомбашки заговор во Јемен, зад кој се смета дека стои Ал-Каида.

Пет писма-бомби биле испратени до амбасади на западни земји во Атина, соопшти грчката полиција. Во последните два дена, полицијата откри вкупно девет вакви бомби.

Две од пратките експлодираа пред Амбасадите на Швајцарија и Русија, но немаше повредени.

Полицијата уништи три други пратки адресирани до Амбасадите на Бугарија, Германија и Чиле.

Се смета дека нападите се дело на грчки анархисти.

Властите понеделникот открија четири бомби, меѓу кои и една упатена до францускиот претседател Никола Саркози. Истиот ден беа уапсени две лица во врска со нападите. За еден од нив постои сомневање дека е член на грчка левичарска герилска организација.

Полицијата наведува дека не нашла врска меѓу осомничените и неодамна откриениот бомбашки заговор во Јемен, зад кој се смета дека стои Ал-Каида.

XS
SM
MD
LG