Линкови за пристапност

Собранието расправа за владата - опозицијата со критики за кадрите


Собранието расправа за владата - опозицијата со критики за кадрите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

Најдоцна до полноќ, треба да се гласа за составот и програмата на новата влада

Најдоцна до полноќ, Македонија треба да ја добие новата влада, кога истекува деловничкиот рок за избор на 24-члениот кабинет предложен од мандатарот Зоран Заев.

Парламентот денеска ја продолжи дводневната дебата за составот и програмата на владата. Новата опозиција критикуваше дел од кадровските решенија, како и елементи од програмата.

„Вчера македонската јавност беше сведок на едно ескпозе, кое личеше на специјалистички труд на анестезиолог, кој чита плагијат напишан некаде далеку од Република Македонија. Анестезиологот опкружен со хирурзи, кои немаат жал за пациентот Република Македонија, најпрво му ги замајуваат клетките, граѓаните на Република Македонија, со најмилозвучни, нереални и апсурдни ветувања. За потоа да можат да го одвлечат вниманието од фактурите што треба да ги платат“, изјави Димитар Стеванаџија од ВМРО-ДПМНЕ.

Мнозинството реагираше на ставовите на опозицијата.

„Фројдовски кажевте дека за малку ќе фалеле четворица министри во владата. Точно е, ВМРО-ДПМНЕ беше соучесник во ликвидацијата на мнозинството, на чело со Зоран Заев. Ниту една дискусија од сите вас, тој срам нема да ве испере. Тоа е срам во историјата на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Горан Мисовски од НСДП.

Дел од седницата повторно помина во атмосфера на искричења меѓу спикерот и опозицијата, поради непризнавањето на неговата нова позиција.

„Сакам да ја предупредам јавноста дека влегуваме во сценарио за провокации. Толку од коректноста ваша. Колегата Талат Џафери се обраќа на албански јазик само кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, со оправдание дека го ословуваме како пратеник“, реагираше Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Павле Богоевски, независен пратеник, пак, изјави:

„Наш најголем проблем е што овој криминоген феномен го критикувавме како политичка криза, а бандити и криминалци третираме како политичари. Доста беше“, рече Богоевски.

За владата на Заев да биде избрана потребни се најмалку 61 пратеник. Во моментот парламентарното мнозинство кое ќе партиципира во владата - коалицијата предводена од СДСМ, ДУИ и од Алијанса и Албанците, претставува 62 пратеници од актуелниот состав.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG