Линкови за пристапност

Извештај: Финансиската криза го истрошила капацитетот на светот да се справи со други потреси


Извештај: Финансиската криза го истрошила капацитетот на светот да се справи со други потреси
Извештај: Финансиската криза го истрошила капацитетот на светот да се справи со други потреси

Светскиот економски форум во годишниот извештај за глобалните ризици тврди дека системите на 20-от век потфрлиле да се справат со ризиците на 21-от век

Во овогодишниот Глобален извештај за ризици на Светскиот економски форум, се вели дека две главни прашања најмногу придонеле за ризиците што го засегаат целиот свет.

Главниот економист на Групата за финансиски услуги со седиште во Цирих, Даниел Хофман, вели дека едното е - економскиот диспаритет.

„Особено во рамки на државите, економскиот растеж креираше многу, многу губитници, а се` помалку победници“, вели тој.

Овој експерт додава дека острата поделба меѓу богатите и сиромашните може да води до социјална нееднаквост. Во извештајот се предупредува на појава од национализам, популизам и социјална поделеност.

Второто прашање, вели Хофман, се пропустите на глобалното владеење.

На пример, на почетокот на финансиската криза, земјите почнаа да соработуваат за да ги решат проблемите, но напорите завршиле не многу успешно.

Извештајот се фокусира на неколку предизвикувачи на ризиците – макроекономската нерамнотежа, вклучувајќи ги долговите и нестабилноста на валутата, илегалната економија, организираниот криминал, корупцијата и илегалната трговија, како и притисок врз ресурсите, особено водата, храната и енергијата.

Консултантската компанија Оливер Вајман придонесе за изготвување на извештајот. Нејзиниот претседател Џон Дрзик изјави дека климатските промени креираат голема нестабилност и дека светот треба да соработува за да ги надмине овие последици. Како во примерот со Русија, вели тој:

„Минатото лето кога Русија воведе забрана за извоз на пченица за да ги заштити сопствените залихи на храна – резултираше со реперкусии на глобално ниво во многу земји што пак може да води кон нестабилност и дополнителни гео-политички тензии“.

Дрзик подвлече дека постои излез од проблемите и дека клучот е во глобалната координација.

Анализата за глобалните ризици на 50 страници, ја објави Светскиот економски форум, независна меѓународна организација со седиште во Женева.

XS
SM
MD
LG