Линкови за пристапност

Германија го крена нивото на безбедност


Германија го крена нивото на безбедност
Германија го крена нивото на безбедност

Германија смета дека е потенцијална мета на терористички напади поради своите 4.590 војници во Авганистан.

Германските власти ја зголемија безбедноста на аеродромите и железничките станици откако добиле, како што наведуваат, „конкретни“ индикации за евентуален терористички напад кон крајот на ноември.

Министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер изјави дека информациите од германското разузнавање и од меѓународен партнер се причина за новата безбедносна ситуација. Тој посочи и на неодамнешното пресретнување на пратки-бомби од Јемен, како и на германските информации за континуирани обиди на исламските екстремисти да ја нападнат Германија.

Министерот истовремено ја увери јавноста дека нема причина за хистерија, иако има основа за загриженост. Безбедносната ситуација во земјата ја спореди со условите при федералните избори 2009-та.

Германија смета дека е потенцијална мета на терористички напади поради своите 4.590 војници во Авганистан.

XS
SM
MD
LG