Линкови за пристапност

Германската економија поттик за развојот на Европа


Германската економија поттик за развојот на Европа
Германската економија поттик за развојот на Европа

Германските власти велат дека трендот се должи на зголемениот извоз, делумно како резултат на подобрената економска слика на глобално ниво.

Германската економија во вториот квартал од годинава забележа раст со најбрзо темпо во последниве 20 години. Ова резултираше со поттик на економскиот растеж во 16-земји од еврозоната.

Според најновите податоци, бруто домашниот производ на најголемата економска сила во Европа, пораснал за преку два процента за периодот од април до јуни, споредено со првите три месеци од годинава.

Германските власти велат дека трендот се должи на зголемениот извоз, делумно како резултат на подобрената економска слика на глобално ниво.

Економијата во земјите од ЕУ во вториот квартал од годинава порасна за еден процент, што важи за најбрзо темпо на растеж во период од околу четири години.

И Франција и Шпанија забележаа економски раст за вториот квартал, но Грција пријави опаѓање на економијата за 1,5 проценти.

XS
SM
MD
LG