Линкови за пристапност

Кац: Владата не смее да поддржува корупција, мора да има одговорност


Услов за влез во ЕУ и НАТО е владеење на правото - Џонатан Кац, Германски маршалов фонд
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:17 0:00

Лидерството да се консултира со САД, ЕУ и со НАТО пред да преземе нешто што може да се одрази иднината на државата, вели советникот од Германскиот маршалов фонд во Вашингтон

Грешка што Македонија не треба да ја направи во овој момент е ако имало корупција, инволвираните да не ги повика на одговорност, вели Џонатан Кац од Германскиот маршалов фонд во Вашингтон, коментирајќи ги последните случувања во Парламентот.

„Услов за влез во ЕУ и НАТО е владеење на правото. Многу е неверојатно дека ќе има влез на нови членки, кои немаат владеење на право. Знам дека е тешко да се направи баланс за овие прашања, но, треба да се исполнат реформите за да може да му се приклучите на клубот“, изјави Кац за Гласот на Америка.

Тој смета дека последно нешто што оваа Влада би сакала да и` се случи е да поддржува корупција. Тој предлага лидерството да се консултира со САД, ЕУ и со официјални лица на НАТО, пред да преземе нешто што може да се одрази врз европската иднина на државата.

„Треба да се искористи овој момент и да се најде начин да се донесат овие тешки одлуки. Важно е да се зачува интегритетот на процесот, за да може Македонија да се насочи во права насока“, рече Кац.

Сепак, според него, гласањето во Парламентот за уставните промени е позитивен знак дека може да се имплементира Договорот од Преспа, што е клучно за иднината на Македонија во евроатлантските институции.

„Не гледам како некој може да направи прогрес ако биде во сојуз со Русија, каде има корупција и не може да се очекува напредок во смисла на демократија. Единствен пат за Македонија е Европската унија и НАТО“, убеден е тој.

Партнерството со САД и со Западот е важен приоритет и за Жикица Панговски, програмски менаџер за стратешко партнерство во овој Фонд.

„Очекувам, сметајќи ја двопартиската поддршка за проширување на Алијансата, што отсекогаш било случај во САД, дека Сенатот со повеќе од 95 сенатори ќе го ратификува Протоколот“, вели Панговски.

Според него, постојат повеќе ризици за Македонија во овој процес, од кои многу важна е ситуацијата во Грција.

„Мораме да бидеме свесни и дека Парламентот на Грција ќе треба да ги ратификува Договорот и Протоколот. Тие се во тесна временска рамка. Парламентот ќе се распушти пред изборите, така да не можеме да знаеме како ќе биде ориентирана новата грчка влада“, изјави Панговски.

И двајцата ја нагласија загриженоста на САД за влијанието на Кремљ во Македонија, истакнувајќи дека многу е лесно да се предизвика поделеност во општеството, земјаќи ја предвид чувствителноста на ситуацијата во државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG