Линкови за пристапност

Истражување за „Не прашувај, не кажувај“


Истражување за „Не прашувај, не кажувај“
Истражување за „Не прашувај, не кажувај“

Според документот, 70 проценти од десетиците илјади војници и армиски сопружници кои учествувале во анкетата веруваат дека укинувањето би имало позитивен ефект, делумен ефект или пак не би имало никаков ефект

Истражување на американскиот Оддел за одбрана утврдило дека укинувањето на политиката што забранува отворено служење на хомосексуалците во армијата би претставувало мал ризик за вооружените сили.

Во документот, објавен вторникот, се вели дека 70 проценти од десетиците илјади војници и армиски сопружници кои учествувале во анкетата веруваат дека укинувањето би имало позитивен ефект, делумен ефект или пак не би имало никаков ефект.

Претседателот Барак Обама истакна дека извештајот потврдува дека армијата може да стави крај на таканаречената „Не прашувај, не кажувај“ политика и да се пренасочи на нова, на одговорен начин што ќе ја обезбеди армиската способност и националната безбедност. Обама го повика Сенатот да ја укине забраната што е можно поскоро.

XS
SM
MD
LG