Линкови за пристапност

Гејтс ја поддржува новата политика за служење на хомосексуалци во армијата


Гејтс ја поддржува новата политика за служење на хомосексуалци во армијата
Гејтс ја поддржува новата политика за служење на хомосексуалци во армијата

Согласно компромисот меѓу Белата куќа и членови на Конгресот, промената на политиката нема да стапи на сила се` додека секретарот за одбрана, претседателот и началникот на Здружениот генералштаб не се согласат како таа ќе се применува.

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс вели дека може да ги прифати одредбите на законската мерка што дозволува хомосексуалците отворено да се изјаснуваат за својата сексуална ориентација.

Портпаролот на пентагон Џеф Морел вторникот изјави дека Гејтс би претпочитал армијата да имаше можност да го согледа влијанието на легислативата пред да дојде на гласање во Конгресот, но дека со оглед на фактот дека тоа не е можно, Гејтс може „да го прифати речникот“ на предлогот.

Согласно компромисот меѓу Белата куќа и членови на Конгресот, промената на политиката нема да стапи на сила се` додека секретарот за одбрана, претседателот и началникот на Здружениот генералштаб не се согласат како таа ќе се применува.

Претседателот Барак Обама се обидува да ја повлече сегашната политика позната како „не прашувај, не кажувај“ што им овозможува на хомосексуалците да служат во армијата доколку не ја откриваат својата сексуална ориентација.

XS
SM
MD
LG