Линкови за пристапност

Гејтс: „мошне прелиминарни“ контакти меѓу САД и Талебан


Гејтс: „мошне прелиминарни“ контакти меѓу САД и Талебан
Гејтс: „мошне прелиминарни“ контакти меѓу САД и Талебан

Најверојатно потребни месеци за напредок во помирувањето меѓу авганистанската влада и бунтовниците

Секретарот за одбрана Роберт Гејтс потврди дека неодамна дошло до контакт меѓу САД и Талебан, но вели дека најверојатно ќе бидат потребни месеци за значителен напредок во помирувањето меѓу авганистанската влада и бунтовниците.

Во едно од своите последни интервјуа пред да замине од функцијата на 30-ти јуни, Гејтс за американската телевизија кажа и дека иако последниве недели имало контакти меѓу американски дипломати и Талебан, тие во моментот се „мошне прелиминарни“.

Првиот човек на Пентагон рече дека голем број земји се обиделе да стапат во контакт со бунтовничката група, но дека процесот е комплициран, дури и во однос на тоа како да се лоцираат членовите на Талебан кои имаат најголемо овластување да преговараат.

Ден претходно, авганистанскиот претседател Хамид Карзаи рече дека САД и други земји раговараат со Талебан за завршување на речиси десетгодишната војна во Авганистан.

Официјален Вашингтон планира да започне со повлекување борбените сили наредните недели. Претседателот Барак Обама разговараше за планот со главниот американски командант во Авганистан, генералот Дејвид Петреус, но засега нема соопштено колку војници би заминале од земјата во првата фаза. Според планот, авганистанските сили треба да преземат контрола врз сите безбедносни операции до 2014-та.

Авганистанските и коалиционите сили се` уште наидуваат на цврст отпор во утврдувањата на Талебан во јужниот дел на земјата, како и од напливот на борци од странство.

XS
SM
MD
LG