Линкови за пристапност

Граѓаните од Македонија најнезадоволни од квалитетот на животот


Граѓаните од Македонија најнезадоволни од квалитетот на животот
Граѓаните од Македонија најнезадоволни од квалитетот на животот

На скалата од 1 до 10, граѓаните на Македонија го оцениле квалитетот на нивниот живот со 4,2, што е најниска оценка во споредба со другите земји од регионот.

Граѓаните на Македонија се најнезадоволни од квалитетот на нивниот живот. Ова е една од констатациите на истражувањето што го спроведе Галуп по барање на Европскиот фонд за Балканот во земјите од Западниот Балкан. Дури 72% од испитаниците рекле дека тешко се снаоѓаат со нивите примања за да го минат месецот.

На скалата од 1 до 10, граѓаните на Македонија го оцениле квалитетот на нивниот живот со 4,2, што е најниска оценка во споредба со другите земји од регионот.

Истражувањето исто така покажа дека драстично се зголемил, во споредба со минатата година, бројот на граѓани кои сметаат дека не се политички претставени во институциите. Дури 64% од испитаниците одоговориле негативно на прашањето дали има политичка партија или политичар кои би одговориле на нивните интереси.

Во однос на довербата во институциите, убеделиво најмала има во судовите, додека верските и војската се со најголема доверба.

Се бележи и пад на довербата во ЕУ. Од 76% кои во 2006-та сметале дека зачленувањето во Унијата е добра работа, во 2010-та процентот опаднал на 60. Сепак, доколку би се распишал референдум за зачленување во ЕУ, 82% би гласале „за“. Граѓаните на Македонија главно изразиле надеж дека Македонија во 2017-ма ќе стане земја-членка на ЕУ.

Во врска со слободата на изразување, само 11% од испитаниците рекле дека никој не се плаши слободно да го изрази своето политичко мислење.

Резултатите од истражувањето на Галуп Балкан монитор, што се спроведува секоја година од 2006-тата, беа претставени денеска во Брисел.

XS
SM
MD
LG