Линкови за пристапност

Г-8 поддржува „енергични мерки“ за Иран


Г-8 поддржува „енергични мерки“ за Иран
Г-8 поддржува „енергични мерки“ за Иран

Во коминикето од средбата се поддржуваат „соодветни и енергични мерки“ за да се покаже решителност во однос на Иран, истовремено држејќи ја отворена опцијата за дијалог

Министрите за надворешни работи на светски најразвиените земји плус Русија, познати како Групата 8, поддржуваат енергични мерки за сузбивање на нуклеарната програма на Иран. Дипломатите се сретнаа во близина на Отава, Канада, на разговори за иранската нуклеарна програма и други прашања за неширење на нуклеарното оружје.

Во коминикето од средбата се поддржуваат „соодветни и енергични мерки“ за да се покаже решителност во однос на Иран, истовремено држејќи ја отворена опцијата за дијалог.

Канадскиот премиер Стивен Харпер кажа дека средбата се случува во особено тешко време за меѓународната заедница во справувањето со Иран и Северна Кореја. Тој истакна дека обете земји претставуваат сериозна закана по глобалната безбедност.

Харпер повика на постабилна координирана акција за Иран, вклучувајќи и четврта рунда на санкции на ОН доколку е потребно. Канадскиот лидер истакна дека Техеран мора да ги прекине активностите за збогатување на нуклеарен материјал и да се ангажира во мирољубив дијалог.

Средбата му претходи на веројатниот притисок на чело со САД во Советот за безбедност на ОН за нови санкции против Иран.

XS
SM
MD
LG