Линкови за пристапност

Долгови, трговија и регулативи на дневен ред на Г-20


Некои од министрите за финансии на Г-20 ги повикуваат банките да нудат помали кредити и да имаат на располагање поголеми количини на пари во готово во случај да се влоши ситуацијата со одредени заеми или инвестиции.

Државниците кои викендов ќе учествуваат на собирот во Торонто се од земјите на кои отпаѓаат 90 проценти од глобалната економија, 80 проценти од светската трговија и две-третини од светското население.

Многумина од нив сметаат дека глобалната финансиска криза јасно покажа дека има потреба од подобан начин за регулирање на финансиските институции, но не можат да постигнат согласнот како тоа да се изведе.

Некои од министрите за финансии на Г-20 ги повикуваат банките да нудат помали кредити и да имаат на располагање поголеми количини на пари во готово во случај да се влоши ситуацијата со одредени заеми или инвестиции. Според други идеи, пак, треба да се ограничи износот на позајмените парии и да се бараат начини за справување со проблематичните финансиски компании, што ќе ја намали штетата по севкупната економија.

Хозе Виналс од Меѓународниот монетарен фонд очекува делегатите во Торонто да одлучат дали да ги оданочуваат банките за да може да се плати цената на идните финансиски проблеми, но дека ќе го одложат донесувањето на одлуки по други прашања.

„Торонто ќе биде клучно време да се оцени дали постои напредок за да појде напред со регулаторни прашања на днвениот ред и конечната одлука да биде донесена во Сеул, Јужна Кореја . Тоа е очекувањето“, вели Виналс.

Себастијан Малаби од Советот за односи со странство смета дека е клучно различните земји од Г-20 да соработуваат во управувањето со нивните финансиски компании.

„Финансиските институции се мултинационални, тие се глобални, така што треба да имате глобални правила за да се справите со нив“, коментира Малаби.

За економистот Фред Бергстен од Институтот Петерсон за меѓународна економија, европската должничка криза, особено ситуцијата во Грција ќе биде во врвот на дневниот ред на Г-20.

„САД и другите земји се соочуваат со сличнен ризик, иако засега во помали размери. Но, доколку проблемите не се коригираат може да се зголемат, исто како и во други земји ширум светот што се соочуваат со дефицит“, прогнозира Бергстен.

Г-20 ќе дискутира и за глобалната трговска нерамнотежа, вклучувајќи го огромниот трговски дефицит на САД и огромниот трговски суфицит на Кина.

XS
SM
MD
LG