Линкови за пристапност

Г-20 предупредуваат на несигурно економско опоравување


На дискусиите доминираше кризата со долгот во Европа, додека вредноста на еврото е на најниско ниво од 2006 наваму.

Министрите за финансии од 20-те најразвиени и земји во развој се среќаваат во пристанишниот град Бусан во Јужна Кореја, на разговори за начините на опоравување на светската економија и избегнување на идни кризи.

Јужноафриканскиот министер за планирање Тревор Мануе, изјави дека е важно да се осознае колку е ранлив процесот на опоравување.

На дискусиите доминираше кризата со долгот во Европа, додека вредноста на еврото е на најниско ниво од 2006 наваму.

Учесниците на самитот разговараа и за економските реформи со цел спречување на идни кризи, вклучувајќи и креирање на меѓународни банкарски стандарди и воведување на даноци на големите финансиски институции.

Даноците се поддржани од САД и европските земји, но на нив остро се противат Канада и Австралија, чии банки ја преживеаа кризата од 2008-ма.

Форумот завршува в сабота, по што министрите за финасии ќе објават и официјално соопштение.

XS
SM
MD
LG