Линкови за пристапност

Обама предложи замрзнување на платите на вработените во владата


Обама предложи замрзнување на платите на вработените во владата
Обама предложи замрзнување на платите на вработените во владата

Белата куќа очекува да заштеди 2 милијарди до крајот на фискалната 2011-та година

Американскиот претседател Барак Обама предложи замрзнување на платите на вработените во федералната влада, во обид да заштеди милијарди долари наредните неколку години. Тој коментираше дека намалувањето на трошоците на федералната влада налага жртвување надолж и попреку што треба да го споделат вработените.

Двегодишното замрзнување се однесува на цивилите вработени во владата, вклучувајќи ги и оние од Одделот за одбрана, но не и припадниците на армијата. Белата куќа очекува да заштеди 2 милијарди до крајот на фискалната 2011-та година, 28 милијарди во текот на наредните 5 години и над 60 милијарди во наредните 10 години.

Обама во вторник ќе се сретне со републиканските водачи во Конгресот, на состанок за кој тој најави дека ќе биде посветен и на подобрување на американската економија.

Двопартиска работна група, назначена од Белата куќа, во моментов работи на препораки за намалување на националниот долг и треба да ги објави нешто подоцна неделава.

Белата куќа во изјава за замрзнувањето наведе дека тоа е „првиот од многуте потези“ да се врати земјата на здрава фискална основа.



XS
SM
MD
LG