Линкови за пристапност

Продолжува штрајкот во Франција


Продолжува штрајкот во Франција
Продолжува штрајкот во Франција

Францускиот Сенат се очекува неделава да гласа по легислативата за одредување на минимална возраст за пензија од 62 години и возраст за целосна пензија од 65 на 67 години.

Француски работници и гневна група млади излегоа на шртакт на улиците во поголемите француски градови во вторникот, поради незадоволство од предлог-легислативата во парламентот за зголемување на возраста за право на пензинирање од 60 на 62 години.

Полицијата веќе се справува со маскираните студенти во предградие на Париз. Младите фрлале петарди и палеле канти за ѓубре. Засега не е познато дали има повредени или уапсени.

Штрајкот е шести по ред од ваков вид изминативе недели поради што беа откажани половина од летовите од аеродромот Орли во Париз и околу една третина од летовите на аеродромот Шарл де Гол. Поради оваа ситуација услугите на експрес возовите се намалија за половина.

Францускиот Сенат се очекува неделава да гласа по легислативата за одредување на минимална возраст за пензија од 62 години и возраст за целосна пензија од 65 на 67 години.

XS
SM
MD
LG