Линкови за пристапност

Франција ги повлече борбените трупи од Авганистан


Ова е дел од ветувањето на францускиот претседател да го забрза излегувањето од Авганистан

Франција стави крај на борбената мисија во Авганистан, повлекувајќи ги последните војници од провинција, североисточно од главниот град Кабул.

Повлекувањето на 500 војници на борбените единици од провинцијата Каписа е дел од заложбата на претседателот Франсоа Оланд да го забрза нивното враќање од Авганистан. Останатиот дел од меѓународните безбедносни сили треба да се вратат од земјата до крајот на 2014-та.

Франција е петти најголем придонесувач во меѓународните мировни сили предводени од НАТО. Засега во Авганистан остануваат 1500 војници кои треба да помогнат во транспорт на опремата и обуката на авганистанските сили.

Франција, од почетокот на учество во мисијата на ИСАФ во Авганистан во 2001-ва, загуби 88 војници.
XS
SM
MD
LG