Линкови за пристапност

Обама: Очекувајте нови санкции против Иран во рок од неколку недели


На заедничка прес-конференција со францускиот претседател Никола Саркози во Белата куќа, Обама рече дека и натаму постои потреба од единство меѓу американските и меѓународни партнери.

Американскиот претседател Барак Обама очекува нова рунда санкции на Советот за безбедност на ОН против Иран во рок од неколку недели, потенцирајќи дека Техеран продолжува да ги игнорира барањата да запре со чувствителни нуклеарни активности.

На заедничка прес-конференција со францускиот претседател Никола Саркози во Белата куќа, Обама рече дека и натаму постои потреба од единство меѓу американските и меѓународни партнери. Сепак, тој подвлече дека светот во моментов е во подобра позиција за воведување на нови санкции, споредено со пред една година.

Претседателот Саркози изјави дека Иран не може да продолжи со„лудата трка“ за создавање на нуклеарно оружје, како и дека иранскиот народ заслужува подобро од од актуелното раководство.

Првите луѓе на САД и Франција разговарале и за ситуацијата во Авганистан, но на прес-конференцијата не кажаа дали Вашингтон побарал Париз да испрати поголем број војници во Авганистан. Саркози, меѓутоа, рече дека ја поддржува стратегијата на Обама во Авганистан, како и дека Авганистанците заслужуваат да живеат во слобода.

XS
SM
MD
LG