Линкови за пристапност

Барање алтернатива на енергијата од фосилно гориво


Барање алтернатива на енергијата од фосилно гориво
Барање алтернатива на енергијата од фосилно гориво

Тврдење на експерт дека секоја алтернатива на фосилното гориво што светот денес го користи мора да е енергетски еквивалент на 23 Саудиски Арабии.

Роберт Брајс, кој пишува за енергија, третина од електричната енергија што ја користи неговото семејство во домот во Остин, добива од соларни плочи на покривот.

Но, тој не ја гледа соларната енергија како одговор за нараснатата енергетска побарувачка.

„Треба да сме реалистични за сончевата енергија. Непостојана е и релативно скапа споредено со другите форми на енергија“, вели тој во интервју за Гласот на Америка.

Во неговата нова книга „Гладни за енергија“ Брајс зборува за енергетската сцена, употребувајќи позната статистика, основна физика и едноставна математика, за да покаже дека најрекламираните обновливи видови – ветерот и сонцето – се скапи и неефикасни.

На пример, тој го споредува количеството енергија добиено од ветер со онаа од природен гас, базирано на земјишната површина потребна за нивно производство. Вели, „односот е еден до 1,2 вати по квадратен метар земјиште за ветерна енергија, спрема 28 вати од иста површина добиена енергија од природен гас, што ќе рече - 20 пати повеќе“.

Постојана тема во енергетските дебати во САД е зависноста на државата од увоз на нафта. Во книгата Брајс забележува дека ветерните генератори се прават со ретки елементи од почвата како неодимиум во магнетите што продуцираат електрицитет, и нагласува дека 95 проценти од резервите на тие елементи се во една земја – во Кина.

„Ние всушност би замениле еден вид зависност со друг, со полош исход, од зависност од глобалниот пазар на нафта до зависност од Кина“, вели овој стручњак.

Роберт Брајс зборува насекаде во светот за ова и се залага за реалистичен приод. Тврди дека секоја алтернатива на фосилното гориво што светот денес го користи мора да е енергетски еквивалент на 23 Саудиски Арабии.

„Реториката е сосема изместена. Големината на предизвикот е она што луѓето лесно го забораваат“, вели Брајс, според кого „природниот гас е најевтин, начист и најмногу го има во моментов, но нуклеарната енергија најмногу ветува за иднината“.

Зошто? Затоа што и двата извора можат да обезбедат енергија на скала што ни треба по цена што можеме да си ја дозволиме, вели овој стручњак за енергија.

XS
SM
MD
LG