Линкови за пристапност

Американски воен трибунал ќе го разгледа случајот Форт Худ


Американски воен трибунал ќе го разгледа случајот Форт Худ
Американски воен трибунал ќе го разгледа случајот Форт Худ

Трибуналот се очекува да слушне неколкумина сведоци од одбраната и обвинителството, вклучувајќи и лица повредени во нападот.

Американски воен трибунал денес започнува сослушување на кое би се утврдило дали има доволно докази за да му се суди на армискиот психијатар Најдал Малик Хасан за минатогодишниот смртоносен напад во воената база Форт Худ во Тексас.

Во инцидентот загинаа 13 лица, а десетина други беа повредени.

Мајорот Хасан е обвинет по 13 осонови за убиство со умисла и 32 основи за обид за убиство. Доколку биде осуден, ќе му биде одредена смртна казна.

Трибуналот се очекува да слушне неколкумина сведоци од одбраната и обвинителството, вклучувајќи и лица повредени во нападот.

Процедурата можно е трае преку еден месец. Хасан, кој е парализиран по половината надолу по повредата во инцидентот, се очекува да се појави за време на сослушувањето.

XS
SM
MD
LG