Линкови за пристапност

Поголемите банки продолжија со одземање на домовите по ревизијата на процесот


Поголемите банки продолжија со одземање на домовите по ревизијата на процесот
Поголемите банки продолжија со одземање на домовите по ревизијата на процесот

Владини лица од сите 50 сојузни држави водат истрага по наводите дека некои компании, кои обезбедуваат кредити за домување користат фалсификувана документација.

Две поголеми банки во САД продолжуваат со процесот на одземање на домовите од лица кои подолг период не можат да ги отплаќаат кредите за нив.

Приватната Bank of America соопшти дека ќе продолжи со постапката за преземање на околу 100.000 домови.

Друга банка GMAC започна со истата постапка, но не е објавен бројот на домовите кои ќе бидат вклучени.

Претставници на банките истакаа дека ги разгледале процедурите и дека нивната документација сега е прецизна и точна.

Владини лица од сите 50 сојузни држави водат истрага по наводите дека некои компании, кои обезбедуваат кредити за домување користат фалсификувана документација само за да ги одземат домовите од лица кои се соочуваат со проблеми со исплата на долговите.

XS
SM
MD
LG