Линкови за пристапност

Компаниите кои даваат хипотекарски кредити - под истрага


Компаниите кои даваат хипотекарски кредити - под истрага
Компаниите кои даваат хипотекарски кредити - под истрага

Неколку поглавни банки неодамна запреа постапки на одземање на домови и исселување се` додека не биде проверена точноста на документите.

Претставници на сите 50 американски сојузни држави вршат истрага по наводите дека некои компании кои даваат хипотекарски кредити користеле неточни документи за да ги отстранат позајмувачите од своите домови.

Проблемите во индустријата за домување играа клучна улога во предизвикување на економката криза, при што многумина сопственици на домови западнаа во ситуација да не можат да го отплаќаат кредитот.

Обвининителите на сојузни држави и банкарски регулатори вторникот соопштија дека повеле истрага откако беше објавено дека некои вработени во хипотекарската индустрија одобриле голем број на документи во врска со домување, без соодветно да ги проверат.

Неколку поглавни банки неодамна запреа постапки на одземање на домови и исселување се` додека не биде проверена точноста на документите.

Критичарите на истрагата велат дека би можела да предизвика судски тужби со години и да причини евентуалните купувачи на домови да се премислат, со што дополнително би се влошила ситуацијата на пазарот на домување.

XS
SM
MD
LG