Белата куќа ги предупредува банките дека ќе ги смета за одговорни за какви било илегални пракси околу кредитите за домовите.
Наводите дека одредени финансиски институции користеле лажна документација за да ги одземат домовите од лицата кои имале потешкотии да ги исплаќаат кредитите за нив, го привлече вниманието на администрацијата на американскиот претседател Барак Обама.
Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс истакна дека формиран е специјален експертски тим кој внимателно ги следи активностите на банките за одземање на домовите.
„Секако дека има одредени законски барања што треба да се следат и ако тие не го прават тоа, секако дека ќе се соочат со казни од нас и правни мерки од сопствениците на домовите“, изјави Гибс.
Тој додаде дека федералната агенција која гарантира заеми исто така спровела истрага по случајот.
Обвинунувањата се фокусирани на наводната фалцификувана документација од страна на вработени во банките со чија помош можно е од своите домови да биле протерани илјадници луѓе.
Главните правобранители од сите 50 американски сојузни држави спроведоа истрги за скандалот кој претставува закана за заработките на банките и натаму го доведува во опасност проблематичниот пазар за домување во САД.
Банките Bank of America и GMAC соопштија дека ќе продолжат со процесот на одземање на домовите во 23 сојузни држави каде е потребен потпис од судија за продолжување на процедурата.