Линкови за пристапност

Тројца кандидати за сенатско место од Флорида


Тројца кандидати за сенатско место од Флорида
Тројца кандидати за сенатско место од Флорида

Како избирачите ќе се справат со оваа ситуација и ќе ги понесат последиците од својот избор, ќе се види во вторник

Во тек е раното гласање во Флорида, што на гласачите им дава доволно време да размислат за својот избор. Но, сега во игра се тројца кандидати.

Еве што мислат некои од гласачите за оваа ситуација:

„Секогаш сум мислел дека повеќе партии е подобро. Имате повеќе луѓе во конкуренција за прашањата што ве засегаат“.

„Збунувачки е. Ве става во позиција да не знаете за кого да гласате“.

Потенцијално, навистина е збунувачки.

Кандидатите се Марко Рубио, републиканец, демократот Кендрик Мик, и гувернерот Чарли Крист, кој беше избран како републиканец пред да се определи за независен.

Кристофер Ман од Универзитетот во Мајами е политички аналитичар

„Најинтересно е што ниту еден од тројцата не е аутсајдер. Се работи за познати играчи за јавноста, а самиот гувернер е сега од третата партија“.

Но ова не е сликата само за Флорида. Кандидатите на третата партија имаат влијание на трките. Особено што други истакнати политичари ги поддржуваат.

На пример, зад Рубио е поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани.

Крист е поддржан од Роберт Ф. Кенеди Џуниор, чиј вујко беше поранешниот претседател Џон Ф. Кенеди.

Партиските лидери велат дека стојат зад демократскиот конгресмен Мик. И сите жестоко се напаѓаат меѓу себе.

Според анкетите Рубио води. Но тоа не значи дека дури и да победи ќе има мнозинство гласови ниту пак ќе добие чист мандат.

А тоа, за аналитичарот Ман значи – ранлив политичар. Зашто факт ќе биде дека мнозинството гласачи гласале против него.

Како избирачите ќе се справат со оваа ситуација и ќе ги понесат последиците од својот избор – ќе видиме во вторник.

XS
SM
MD
LG