Линкови за пристапност

ОН обезбедија дополнителна помош за Пакистан

Тринеделните монсунски дождови предизвикаа масовни поплави во провинциите Кубер-Пактунква, Пунџаб и Синд, погодувајќи 20 милиони луѓе. Поплавите досега однесоа околу 1.600 животи, а ОН велат дека преку 650.000 лица и натаму се без покрив над главата.

ОН соопштија дека добиле половина од претходно побараните 460-те милиони долари за санирање на штетите од катастрофалните поплави во Пакистан.

Светската организација вели дека обезбедила близу 228 милиони итна помош за земјата. Генералниот потсекретар на ОН за хуманитарни прашања Џон Холмс, ги повика донаторите да продолжат со темпото на достава на помошта.

Претставници на ОН предупредија на таканаречен „втор смртоносен бран“ причинет од ширењето на заразни болести главно заради нечистата вода за пиење.

Во средата ЕУ соопшти дека ќе обезбеди дополнителни 39 милиони долари хуманитарна помош за Пакистан и со нив досега вкупниот износ на Унијата ќе изнесува 90 милиони.

За време на вонреден состанок во Саудиска Арабија, Организацијата на исламска конференција ги повика земјите-членки и меѓународната заедница да ја зголемат итната финансиска помош за Пакистан.

XS
SM
MD
LG