Линкови за пристапност

Најмалку 10-мина загинати во поплавите во Нешвил


Властите стравуваат дека бројот може да нарасне штом ќе станат достапни поплавените делови.

Властите во Нешвил, сојузната држава Тенеси, најавија дека можеби ќе биде потребен уште еден ден пред реката Кумберленд што минува низ срцето на градот да се повлече од алармантно нараснатото ниво. Тоа порасна за речиси 16 метри - четири метри повеќе од она за излевање, и со тоа го достигна највисокото ниво од 1937-ма година.

Во поплавите загинаа десет лица, а надлежните стравуваат дека бројот може да нарасне штом ќе станат достапни поплавените делови. Поплавени се бројни објекти и туристички атракции, вклучувајќи ја и фудбалската арена на Тенеси и Салата на славните од кантри-музиката.

Надојдената вода сега се заканува на единствената станица за чиста вода за пиење во градот, принудувајќи ги властите да воведат ограничено користење на водата.

XS
SM
MD
LG