Линкови за пристапност

Мерката за финансиски реформи не мина во процедуралното гласање во Сенатот


Планот, предложен од Белата куќа и поддржан од демократското мнозинство во Сенатот, е дизајниран да ги регулира банкарските активности за кои се верува дека ја поттикнале глобалната економска криза во 2008-та.

Мерката чија цел е спроведување на реформи во финансискиот систем на САД не беше усвоена за време процедуралното пробно гласање во понеделникот.

Сите републиканци во Сенатот, вкупно 41, гласаа против отпочнување на дебата по легислативата, што би креирала најригорозна контрола врз американските финансиски институции од Големата депресија од `30-те години наваму. За усвојување на предлог-законот во 100-члениот Сенат беа потребни 60 гласови.

Планот, предложен од Белата куќа и поддржан од демократското мнозинство во Сенатот, е дизајниран да ги регулира банкарските активности за кои се верува дека ја поттикнале глобалната економска криза во 2008-та.

Претседавачот на Сенатската комисија за банкарство, демократот Крис Дод, работи со влијателниот републикански член на комисијата Ричард Шелби на изготвување на двопартиски компромис. Шелби истакна дека обете страни се мошне блиску до постигнување на договор. Се верува дека ова е привремен застој, и дека мерката на крајот ќе биде изгласана во Сенатот.

Претседателот Барак Обама истакна дека е „длабоко разочаран“ што републиканците во Сенатот гласале против отпочнување на јавна дебата за реформи во Вол стрит.

XS
SM
MD
LG