Линкови за пристапност

САД: Намалување на платите на директорите на фирми спасени со владини пари


САД: Намалување на платите на директорите на фирми спасени со владини пари
САД: Намалување на платите на директорите на фирми спасени со владини пари

Кенет Фајнберг, таканаречениот „цар“ на администрацијата за плати, вели дека Еј-Ај-Џи, Џенерал моторс, Џи-мек, Крајслер и Крајслер фајненшал, годинава треба да очекуваат сратување на примањата.

Администрацијата на претседателот Обама најави скратување на платите за извршното раководство во пет компании кои добиле владина помош за да опстојат.

Кенет Фајнберг, таканаречениот „цар“ на администрацијата за плати, вели дека Еј-Ај-Џи, Џенерал моторс, Џи-мек, Крајслер и Крајслер фајненшал, годинава треба да очекуваат сратување на примањата на извршните директори за една третина, а целокупната исплата ќе биде намалена за 15 проценти споредено со 2009.

Сите пет компании добија владина помош или пари од даночните обврзници, за да ја преживеат финансиската криза во САД, во рамки на владиниот план за стимулирање на економијата во висина од 700 милијарди долари.

Ова е најнов потег на администрацијата во напорот да одговори на лутината во јавноста околу надоместокот на извршното раководство во компаниите кои добија милијарди долари помош од владата.

Фајнберг во објавеното соопштение воедно ги отфрли жалбите на компаниите дека скратувањата на примањата ќе предизвика одлив на најголемите таленти во нивните редови. Тој додаде дека преку 80 проценти од раководството во овие компании, не го напуштиле своето работно место и покрај намалените плати.

XS
SM
MD
LG