Линкови за пристапност

Суспензија за вработени во ФИФА заради корупција


Суспензија за вработени во ФИФА заради корупција
Суспензија за вработени во ФИФА заради корупција

Обвинетите имаат право на жалба, а раководството на ФИФА признава дека скандалот и` наштетила на Федерацијата.

Меѓународната фудбалска федерација – ФИФА реши да суспендира двајца извршни членови откако биле фатени како нудат да ги продадат нивните гласови за тоа кој да биде следниот домаќин на Светското фудбалско првенство, во замена за готовина.

Амос Адаму од Нигерија ќе биде суспендиран три години, а претседателот на Фудбалската федерација океанија Рејналд Темари една година, а изречена им е парична казна.

Комисијата на ФИФА за етика суспендираше и казни четворица други претставници за наводна вмешаност во скадалот.

Сите шестмина имаат право на жалба, а раководството на ФИФА признава дека скандалот и` наштетила на Федерацијата.

Иако фаворит засега е Англија, гласањето за домаќинот на Светското фудбалско првенство и за 2018-та и за 2022-ра година ќе се случи на 2-ри декември во Цирих, Швајцарија.

Конкуренти на Британија и` се Русија и заедничките кандидатури на Шпанија и Португалија и Холандија и Белгија.

САД како поддршка за кандидатурата за домаќин на светското првенство за 2022-ра година ќе го испрати поранешниот претседател Бил Клинтон, а во конкуренција се Катар, Јужна Кореја, Јапонија и Австралија.

Сепак, кој и да победи, тврдењата за корупција во високите редови на ФИФА, се чини дека нема да исчезнат набрзо.

XS
SM
MD
LG