Линкови за пристапност

ФИФА вмешана во скандал за поткуп


ФИФА вмешана во скандал за поткуп
ФИФА вмешана во скандал за поткуп

Во извештајот на Сандеј Тајмс се наведува дека Американскиот комитет за наддавање нема апсолутна никаква вмешаност во тајната операција

Новинари од британскиот весник Сандеј Тајмс, кои се претставуваат како лобисти за американски корпорации, велат дека дознале оти двајца членови на извршниот комитет на ФИФА, наводно би биле подготвени да ги „продадат“ своите гласови за пари.

Според весникот, Амос Адаму од Нигерија и Рејналд Темарил од Тахити рекле дека сите исплати би биле наменети за финансирање на програми за развој на фудбалот во нивните родни земји.

Во случајот на Адаму, Сандеј тајмс објавил и тајно снимен видео материјал за кој вели дека ги поддржува наводите. На една од снимките Адаму вели дека сума во висина од 800.000 долари требало лично да му биде исплатена.

Двајцата се членови на 24-члениот борд на Меѓународната фудбалска федерација – ФИФА што треба да одлучи кој ќе биде домаќин на Светското фудбалско првенство 2018-та година.

Во извештајот на Сандеј Тајмс се наведува дека Американскиот комитет за наддавање нема апсолутна никаква вмешаност во тајната операција.

Од седиштето во Цирих, ФИФА во неделата вети темелна истрага по случајот, со напомена дека чека на комплетирање на документацијата.

Одлуката за тоа кој ќе биде домаќин на Светското фудбалско првенство за осум години ќе биде соопштена на 2-ри декември. Конкуренти се Англија, Русија, две заеднички барања од Белгија и Холандија, а другото од Шпанија и Португалија.

XS
SM
MD
LG