Линкови за пристапност

Голем концерт на отварањето на Светското фудбалско првенство


ФИФА соопшти дека на настанот меѓу другите ќе учествуваат Блек ајд пис, Џон Леџенд и Алиша Кис.

На отварањето на Светското фудбалско првенство во Јужна Африка во јуни, ќе биде организиран огромен концерт на кој ќе настапат музички ѕвезди од целиот свет.

Светската фудбалска федерација – ФИФА во средата објави дека на настанот меѓу другите ќе учествуваат Блек ајд пис, Џон Леџенд и Алиша Кис.

Меѓу учесниците се и колумбиските ѕвезди Хуанез и Шакира, како и неколкумина африкански музичари, дуетот Амадоу и Мариам, Анџелик Киџо од Бенин, а тука е и рок-групата од Јужна Африка, позната како Парлотонс.

На отварањето на првенството поканети се и поранешни и сегашни фудбалски ѕвезди.

Настанот ќе се одржи на стадионот со капацитет од 30.000 гледачи Орландо во Совето, на 10-ти јуни, пред почетокот на турнирот.

Приходот од концертот е наменет за хуманитарни цели. Дел ќе биде искористен за обезбедување на образование, здравствена грижа и фудбалски тренинг ширум Африка.

XS
SM
MD
LG