Линкови за пристапност

Доделени овогодишните МекАртур грантови за „генијалци“


Доделени овогодишните МекАртур грантови за „генијалци“

Додека претворањето на идеите во реалност честопати претставува групен напор, духот на индивидуалната креативност е она што Фондацијата МекАртур го признава и поддржува.

Добитниците на овогодишните грантови МекАртур се претставници на широка лепеза интереси, од антропологија, лингвистика за јазикот за глувонеми, квантумска астрофизика, џез импровизација и скулптура.

Според Фондацијата МекАртур која наградите ги нарекува „грантови за генијалци“, добитниците се „талентирани поединци кои демонтрирале исклучителна оригиналност и посветеност во своите креативни вокации како и капацитет за самонасочување“.

Токму самонасоченоста била неопходна за Анет Гордон-Рид од Универзитетот Харвард, чија контроверзна книга "The Hemingses of Monticello: An American Family," е добитник на Пулицеровата награда за историја во 2009-та година. Книгата говори за врската меѓу Томас Џеферсон, авторот на Декларацијата за независност и третиот претседател на САД и Сали Хемингс, негова робинка од афро-американско потекло. Како што се наведува во книгата Хемингс била мајка на неколку од неговите деца.

Кина што го менува ликот и нејзиното влијание врз секојдневниот живот е она што го фасцинирало писателот Јиун Ли, исто така добитничка на грант. Нејзини многу популарни книги се "A Thousand Years of Good Prayers" и "The Vagrants," а најновиот роман објавен месецов носи наслов "Gold Boy, Emerald Girl".

„Не ме интересира статистика. Ме интересираат поединечни приказни. Кога пишувате фикција, кога пишувате за човечки суштества, заинтересирани сте за нивниот внатрешен свет, а тој свет се менува многу побавно од надворешниот. Затоа мислам дека раскажувањето на одредена приказна ви дозволува да одите подлабоко, ако не и пошироко“, вели Ли.

Морските животни се во фокусот на другиот добитник на наградата МекАртур, професорот по аеронаутика Џон Дабири од Институтот за технологија во Калифорнија.

„Студираме медузи и начинот на кој пливаат од перспектива на инженерите, се обидуваме да разбереме што е она што ги прави ефикасни и како успеваат да пливаат брзо со безброј маневрирања. Потоа тие идеи се обидуваме да ги примениме во различни технологии“, изјави Дабири.

Додека претворањето на идеите во реалност честопати претставува групен напор, духот на индивидуалната креативност е она што Фондацијата МекАртур го признава и поддржува.

XS
SM
MD
LG