Линкови за пристапност

Начинот на исхрана на татковците влијае на здравјето на нивните ќерки


Начинот на исхрана на татковците влијае на здравјето на нивните ќерки
Начинот на исхрана на татковците влијае на здравјето на нивните ќерки

Областа на епигенетика можно е да води до рани тестови за да се пронајдат докази за изложеност на надворешна средина години пред да се појави болеста, со цел таа да биде спречена.

Австралиски научници во својот експеримент хранеле возрасни глувци мажјаци со производи што содржеле 40 проценти повеќе калории од нормалните глувци во студијата. Не е за изненадување што глувците кои биле дополнително хранети добиле на тежина и развиле дијабетис.

Мајкл Скинер е професор по репродуктивна биологија на Универзитетот Пулман во сојузната држава Вашингтон. Тој вели дека е откриено оти исхраната на возрасните глувци, особено со високо калорична храна, може да влијае на составот на нивната семена течност. „Ако имаат потомство од женски пол, постои опасност и ќерките да добијат шеќерна болест“, вели професорот.

Откритието е дел од репродуктивната област наречена епигенетика што сугерира дека надворешните фактори што влијаат на биолошкиот состав на спермата и јајце-клетките на родителите може да се одрази и на децата.

Скинер додава дека епигенетиката е различна од влијанието на ДНК врз човековото здравје. ДНК е генетски материјал што програмира одредени особини и кој може луѓето да ги изложи на ризик од болест што не мора да се појави во иднина. Но факторите на епигенетиката можно е да ја одржат рамнотежата во полза на здравствената состојба.

Овој научник вели дека областа на епигенетика можно е да води до рани тестови за да се пронајдат докази за изложеност на надворешна средина години пред да се појави болеста, со цел таа да биде спречена.

XS
SM
MD
LG