Линкови за пристапност

Американските фарми зависат од илегалните имигранти


Американските фарми зависат од илегалните имигранти
Американските фарми зависат од илегалните имигранти

Од околу еден милион работници на фармите ширум САД, меѓу една четвртина до една половина се со илегален престој.

Во сојузната држава Вирџинија ова е сезона на тикви. Неколкумина Латиноамериканци работат на полето – собираат, го мијат и го пакуваат зеленчукот, кој потоа продолжува до супермаркетите низ источниот дел на САД. Како и многу претходни генерации, и тие дошле во Америка само заради една причина - подобар живот. Многумина илегално Еден од нив, кој побара да остане анонимен, вели -

„Дојдов за подобар живот, но вистината е - пропатив уште пред да стасам“.

Тој пешачел низ пустина со денови, а го придружувал трговец со луѓе кој за да го пренесе на американска територија, му наплатил 2.000 долари.

Работниците на фармите денот го минуваат во собирање зеленчук или овошје и носење тежок товар. Ова е тешка физичка работа. Од околу еден милион работници на фармите ширум САД, меѓу една четвртина до една половина се со илегален престој.

Еден од сопствениците вели дека се обидел да најми Американци, но не можел да најде доволен број -

„Никој не ги одгледува децата да бидат земјоделци!“, вели тој.

Но, Џек Мартин од Федерацијата за имиграциони реформи вели дека тоа не е целата приказна -

„Точно е дека родителите имаат повисоки очекувања за нивните деца отколку да работат по полињата. Сепак, мислам дека има многу невработени, кои, ако би имале шанса да работат во земјоделието - би го сториле тоа!“

Тој вели дека бенефициите и условите по фармите и натаму се на релативно ниско ниво поради приливот на илегални имигранти. Во меѓувреме, земјоделците се загрижени од рациите на властите за апсење на лица со илегален престој во САД. Тие велат – без нив, родот, свежото овошје и зеленчук ќе почнат да гнијат по полињата.

XS
SM
MD
LG