Линкови за пристапност

Најавено лансирање на светски најмоќната комерцијална ракета


Најавено лансирање на светски најмоќната комерцијална ракета
Најавено лансирање на светски најмоќната комерцијална ракета

Нејзиниот капацитет е двојно поголем од вселенско летало на НАСА

Приватниот производител на ракети „Спејс експлорејшн технолоџис“ или „Спејс екс“ ќе го претстави лансирањето на најмоќната ракета досега, наречена „Фалкон хеви“ кон крајот на 2012-та година.

Основачот на компанијата, Елон Маск вели дека ракетата ќе може до вселената да пренесе карго-материјал тежок до 53.000 килограми, што е околу двојно повеќе од капацитетот на вселенското летало на НАСА.

„Ракетата е тешка 117.000 фунти, што е повеќе од полн авион Боинг 737 со 136 патници и нивниот багаж. Ова е нешто огромно“, вели Маск.

Претходно „Сатурн 5“, ракетата на НАСА за истата намена, со чија помош беа пренесени астронаутите на Месечината во доцните `60-ти и раните `70-ти години во рамки на програмата Аполо, важеше за најмоќната оперативна вселенска ракета изградена дотогаш.

Но Елон Маск се надева дека ќе има можност да го смени овој тренд изјавувајќи дека „Фалкон хеви“ е дизајниран не само за мисии на орбитирање околу Земјата, туку и заради патувања до Месечината и Марс.

НАСА веќе постигна договор со „Спејс екс“ за користење на помалата ракета „Фалкон 9“ и капсулата „Драгон“ за пренесување на карго-материјал до Меѓународната вселенска станица откако кон средината на годинава ќе ја пензинира својата спејс-шатл флота.

Маск додаде дека компанијата се надева оти ќе може да пренесува астронаути до вселенската станица за околу три години, за годишно да може да изведе десет лансирања на „Фалкон 9“ и „Фалкон хеви“.

XS
SM
MD
LG