Линкови за пристапност

Креаторот на Фејсбук – лице на годината


Креаторот на Фејсбук – лице на годината
Креаторот на Фејсбук – лице на годината

На неговата приватна страница на Фејсбук Зукерберг за именувањето напиша дека тоа за него претставува вистинска чест

Главниот уредник на магазинот Тајм, Џим Фредерик, вели дека Марк Зукерберг ги исполнил сите критериуми за таа почест.

„Критериумот за лице или лица на годината се луѓето или лицата кои имале најголемо влијание во секојдневниот живот на луѓето или кои го промениле секојдневниот живот и културата или светските вести во годината што изминува“, изјави Фредерик.

Многумина од читателите на магазинот годинава го избраа основачот на Викиликс Џулијан Асанџ, но сепак тој заврши на второ место. Во конкуренција беа и американската политичка група „Ти парти“ и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Џим Фредерик додаде дека светското влијание на работата на Зукерберг, придонело тој да биде изборот број еден.

„Тој фундаментално го промени начинот на кој се поврзуваат луѓето, не само преку Интеренет, туку и во реалноста. Фејсбук во моментов има 500 милиони корисници. Тоа во превод значи дека корисник е еден на секој 10 луѓе на планетата и тие минуваат повеќе време во меѓусебна интеракција на Фејсбук отколку на кое било друго место на Интернет“, изјави Фредерик.

На неговата приватна страница на Фејсбук Зукерберг за именувањето напиша дека тоа за него претставува вистинска чест. Toj на 26 години е најмладиот милијардер во светот, а според проценките за 2010-та година имал приход од преку 2 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG