Линкови за пристапност

Холивуд: „Социјална мрежа“ – филм за создавањето на Фејсбук


Холивуд: „Социјална мрежа“ – филм за создавањето на Фејсбук
Холивуд: „Социјална мрежа“ – филм за создавањето на Фејсбук

За помалку од деценија Фејсбук стана светски феномен, но и покрај големиот успех, мрежата за социјализирање не остана без контроверза.

Потрага по состанок со девојка, а не по пари, се чини дека била мотивацијата за Марк Закерберг во 2003-та. По прекината љубовна врска овој студент на Харвард и комјутерски гение ги здружил силите со неговиот најдобар пријател Едуардо.

Нивната веб-страница „Фејсмеш“ станала хит во студентските кругови. Страницата претрпела само неколку промени, претворајќи се во нешто што го привлече вниманието на светот само преку објавување на информации што корисниците на мрежата сакаат да ја споделат со своите пријатели.

Фејсбук за кусо време прерасна во глобална мрежа со околу 500 милиони „пријатели“, но како што се посочува во рекламната порака за филмот – не се добиваат толку многу пријатели, без притоа да се направат и непријатели.

Џеси Ајсенберг го игра комјутерскиот гение, но тој никогаш не се сретнал со вистинскиот Марк Закерберг, кој, пак, како и други познати личности, одбил да соработува во изработката на филмот.

Сценариото на „Социјална мрежа“ е на познатиот театарски и филмски сценарист Ерон Соркин, кој вели дека токму бројните и спротивставени верзии на вистината е она што го заинтригирало.

„Антагонистот и протагонистот во оваа приказна се менуваат додека таа се развива. Не мислам дека овој филм е драма; можеби најблиско нешто е судска драма, кога на почетокот сме сигурни за нечија вина или праведност, но како тече процесот го менуваме мислењето. Марк е анти-херој во првите час и 55 минути од филмот, а последните пет минути станува трагичен херој, што значи дека ја платил цената и сега се кае. Протагонистот и антагоностот во случајов не се поврзуваат со добриот или лошиот во филмот“, вели Соркин.

Соркин инсистира дека сценариото е фер за сите страни во аргументот, но Ајзенберг вели дека важно е да се има на ум дека „Социјална мрежа“ е драматизирана верзија на настани, а не документарен филм.

„Во филмот креирано е момче кое очајно се обидува да се вклоши во околината, а нема социјално орудие да го стори тоа. Секако дека се поврзувам со тоа. Затоа тој и го креира ова неверојатно орудие за интеракција на начин на кој се чувствува комотно. Како резултат, 500 милиони други луѓе исто така се чувствуваат комотно да го користат ова орудие. Се работи за фасцинантна улога, комплицирана но праведна и иако реагира на начин што може да биде навредлив за другите улоги, на крајот на филмот неговите постапки се сосема разбирливи“, вели Ајзенберг.

„Социјална мрежа“ е во режија на Дејвид Финчер, а во него се појавува и рок ѕвездата Џастин Тимберлејк, како поддржувач на веб страницата.

XS
SM
MD
LG