Линкови за пристапност

Невработеноста во еврозоната дојде на 10 проценти


Холандија за месец февруари пријави четири проценти. Од друга страна, невработеноста била речиси 22 процента во Латвија и 19 процента во Шпанија.

Податоците објавени од Канцеларијата за статистика на ЕУ, Евростат, покажуваат дека инфлацијата достигнала највисоко ниво изминативе 15 месеци.

Нивото на невработеност варира меѓу 16-те земји кои го користат еврото. Холандија за месец февруари пријави четири проценти. Од друга страна, невработеноста била речиси 22 процента во Латвија и 19 процента во Шпанија.

Но, аналитичарот од Центарот за европски реформи Филип Вајт, вели дека цифрите не се толку лоши од она што може да бидат.

„Точно е дека ова се лоши вести за еврозоната, но ако на почетокот на 2009 сте рекле дека невработеноста ќе биде онаму каде што е сега, многумина тоа би го сметале за релативно добра ситуација, имајќи предвид колку економиите беа зафатени од кризата“, вели Вајт.

Невработеност додава на растечките проблеми на еврозоната, меѓу кои и економската криза во Грција. Минатата недела лидерите на ЕУ ветија пакет помош за Атина како последен ресурс, со цел да ја подигнат довербата во Грција и за таа да може да позајмува со поповолна рата. Сепак, според првичните показатели трошоците на Грција заради позајмувањата и натаму се високи.

Вајт предвидува дека ЕУ ќе има тешкотии во излегувањето од рецесијата и дека тоа долгорочно ќе влијае на пазарот на работна сила.

„Мислам дека тоа значи оти растежот ќе се одвива со забавено темпо, бавна ќе биде и побарувачката на работна сила и според мене, невработеноста во Европа ќе остане висока“, изјави овој експерт.

Во меѓувреме, аналитичарите велат дека растот на инфлацијата се должи и на зголемувањето на цените на енергијата, и како добра вест, тие предвидуваат дека скокот ќе биде краткотраен.

XS
SM
MD
LG