Линкови за пристапност

Директорот на ЦИА во Пакистан


Директорот на ЦИА во Пакистан

Европски претставници средата соопштија дека заговорот за серии убиства во големите градови била само закана, но дека наскоро се очекувале и напади.

Директорот на ЦИА Лион Панета е во Пакистан, на разговори со тамошни разузнавачки претставници, во време кога медиумите јавуваат за голем терористички заговор чија цел била Европа, а можеби и САД.

Пакистански извори средата потврдија дека Панета ќе се сретне со директорот на пакистанското разузнавање, генералот Ахмад Шуја Паша.

Разузнавачки претставници на западни земји наведуваат дека разоткриле заговор што поткенува од Пакистан, за вршење на теорористички напади во герилски стил во Британија, Франција, Германија, а можеби и во САД.

Американскиот директор на националното разузнавање Џон Клапер има изјавено дека САД споделиле информации со Европа во последните денови и дека работат со сојузниците за да спречат меѓународни терористички напади.

Европски претставници средата соопштија дека заговорот за серии убиства во големите градови била само закана, но дека наскоро се очекувале и напади.

XS
SM
MD
LG