Линкови за пристапност

Клучните каматни стапки во Европа остануваат на рекордно ниско ниво


Клучните каматни стапки во Европа остануваат на рекордно ниско ниво
Клучните каматни стапки во Европа остануваат на рекордно ниско ниво

Повеќето централни банки ги намалија своите стапки за заеми за време на глобалната рецесија, во обид да поттикнат дополнителни кредити и економско опоравување.

Две главни централни банки во Европа одлучија клучните каматни стапки да ги задржат на рекордно ниско ниво.

Европската централна банка која ја одредува монетарната политика за земјите кои го користат еврото како валута, во четвртокот соопшти дека нејзините клучни каматни стапки ќе останат еден процент.

Претседателот на банката Жан-КлодТричет изјави дека ниските каматни стапки се потребни поради, како што рече, неизвесните економски услови. Тој додаде дека очекува евро-зоната да покаже економски растеж, но развојот најверојатно ќе биде нерамномерен поради лошата ситуација на пазарот за работна сила.

Банката на Англија исто така соопшти дека ќе ги задржи своите клучни каматни стапки на ниско ниво.

Повеќето централни банки ги намалија стапките за заеми за време на глобалната рецесија, во обид да поттикнат дополнителни кредити и економско опоравување.

XS
SM
MD
LG