Линкови за пристапност

Германија и Франција поддржаа план за помош на грчката економија


Германија и Франција поддржаа план за помош на грчката економија
Германија и Франција поддржаа план за помош на грчката економија

Новинските агенции јавуваат дека договорот подразбира користење на помош од некои членки на Европската унија, како и од Меѓународниот монетарен фонд.

Виши германски и француски претставници поддржаа план за помош на Грција во справување со големиот владин буџетски дефицит.

Новинските агенции јавуваат дека договорот подразбира користење на помош од некои членки на Европската унија, како и од Меѓународниот монетарен фонд.

Сега останува на претседателот на Советот на ЕУ Херман ван Ромпуј да одлучи дали да побара одобрување на предлогот од другите земји-членки на Унијата.

Грчката криза со задолженоста ги загрижи инвеститорите и ја намали вредноста на еврото.

Грција досега не побара средства за спас, но наведува дека не може да продолжи да зема кредити на меѓународните пазари по исклучиво високи каматни стапки.

XS
SM
MD
LG