Линкови за пристапност

Договорот со бегалците меѓу ЕУ и Турција пред крстопат


Договорот со бегалците меѓу ЕУ и Турција пред крстопат
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00

Договорот со бегалците меѓу ЕУ и Турција пред крстопат

Турскиот претседател најави отфрлање на прифаќањето сириски мигранти доколку ЕУ не ги исполни своите обврски, вклучувајќи и безвизен режим

Спасувачките напори на крајбрежните сили се потсетник дека сагата со бегалците и мигрантите кои се спремни да го ризикуваат животот за да стасаат до Европа не е завршена приказна. Но, неодамнешниот договор меѓу Турција и ЕУ за прифаќање на бегалците од неодамна е повторно пред испит. Повод – безвизниот режим.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган коментираше дека нема да го примени договорот за прифаќање сириски мигранти доколку ЕУ не ги исполни своите обврски. Според договорот, Анкара треба да ги преземе сите мигранти што преку Егејско Море стигнале на грчките острови. За возврат, ЕУ треба да релоцира повеќе илјади сириски бегалци директно од Турција и да ѝ даде на Анкара финансиска поддршка, безвизен режим и напредок во пристапните преговори со Унијата.

Ова е генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер.

„Загрижен сум што несогласувањата толку јавно се користат за постигнување политички цели од некои индивидуални држави“, изјави Заниер.

Сепак, вистинскиот проблем е со катастрофата во Сирија. Затоа што таму е епицентарот на проблемот, коментира аналитичарот Даниел Сервер од Универзитетот Џонс Хопкинс:

„Треба да се размислува како да се смири состојбата во Сирија и да запре бранот бегалци. Загрижен сум дека со подобрувањето на временските услови, ќе има нов бран бегалци од Либија, која се` уште не е стабилизирана“, изјави Сервер.

Според Едвард Џозеф од Институт за актуелни прашања, се` што сторила Европа за бегалската криза, демонстрирала нефункционалност.

„Севкупниот одговор на ЕУ беше наголемо разочарувачки. ЕУ е единство од индивидуални држави со свои интереси. Договорот со Турција е многу проблематичен и неодржлив, не верувам дека нуди реално решение за проблемот“, коментира Џозеф.

Во меѓувреме, Високиот комесеријат на ОН за бегалци изрази загриженост за големата стапка на смртни случаи во време кога повеќе од 200.000 го минаа Средоземното море во првите пет месеци од годинава. Според нивните наводи, 880 мигранти минатата недела се удавиле или се водат за исчезнати, објави италијанската Крајбрежна гарда.

Истовремено, УНХЦР изрази загриженост за суб-стандардните условите во бегалските кампови во Северна Грција каде се евакуирани илјадници мигранти од Идомени на македонско-грчката граница, при што повика со финансиска помош од ЕУ да побара подобри алтернативи за нив.

XS
SM
MD
LG