Линкови за пристапност

Возот за ЕУ и НАТО заминат или допрва ќе пристигне?


Возот за ЕУ и НАТО заминат или допрва ќе пристигне?
Возот за ЕУ и НАТО заминат или допрва ќе пристигне?

Прашањето за името, неговиот одраз врз членството во НАТО и ЕУ и врз стабилноста на земјата - теми на трибина во Скопје на новоформираниот Центар за разбирање и институционална соработка.

Дали ни бега последиот воз за надминување на спорот со името и за интеграција на државата во ЕУ и НАТО? Ова беше едно од прашањата на трибината што ја организираше новоформираниот Центар за разбирање и институционална соработка.

Потребно е да се постигне компромис што ќе овоможи почеток на преговори со ЕУ и зачленување во НАТО, изјави вицепремиерот Абдилаќим Адеми, одговорајќи на прашањата отворени на трибината.

Според него, очигледно постои загриженост од меѓународите фактори дека одлагањето на решението може да доведе до дестабилизација на државата, но и на регионот. Овие изјави што стигаат од високи меѓународни инстанци може да се протолкуваат како дипломатски притисок, но сепак тие имаат и реални конотации, вели Адеми. Затоа, тој потецираше дека сега е поволен момент за решение, бидејќи постои подршка, како од ЕУ, така и од НАТО. Во тој контекст Адеми кажа дека поддршката што сега ја има Македонија би можела да ослаби доколку се одолговлекува со решението.

Од друга страна, поранешиот премиер Владо Бучковски како панелист на трибината нагласи дека возот за ЕУ е веќе заминат, па сега е прашање дали ќе се фати возот што би можел да ја однесе Македонија во НАТО на самитот на Алијансата, закажан за ноември.

Бучковски ја поздрави улогата на албанските политички фактори како конструктивна во процесот за изнаоѓање на решение за името. ДУИ како дел од владината коалиција не би требало да ја напушти владата ако до 1-ви јули нема решение, бидејќи тоа би значело организирање на предвремени избори, што е пак ново одлагање на решението на спорот, а што би значело и дестабилизација на државата, смета Бучковски.

На трибината учествуваше и советникот на шефот на државата, професорот Димитар Мирчев, кој наспроти Бучковски, смета дека возовите не се пропуштени и дека не постои никаков ризик за дестабилзација.

Соочени сме со длабок и повеќеслоен проблем за чие решение е потребно повеќе време, изјави Мирчев.

Инаку, на 20-ти април во Скопје ќе пристигне шефот на шпанската дипломатија Мигел Анхел Моратинос, кој воедно е и претседавач на Советот на министрите на ЕУ. Целта на неговата посета е да чуе директно од државниот врв дали постои можност за решение на проблемот до 1-ви јули, што на шпанското претседателство ќе му овозможи на дневниот ред на Советот на минитрите да предложи одредување на датум за почеток на преговори за членство на Македонија во ЕУ.

Вицепремиерот Адеми изрази оптимизам дека решението до 1-ви јули е можно.

XS
SM
MD
LG