Премиерот на Етиопија Меленс Зенави вели дека и` наредил на владата да најде начин да го попречи сигналот на програмата на Гласот на Америка на амхарски, главниот официјален јазик на земјата. Тој најави и дека штом ќе профункционра опремата за попречување, тој ќе дозволи нејзина употреба.
Зенави ја спореди програмата на Амхарската редакција на Гласот на Америка со медиумите за ширење омраза што го поттикнале геноцидот во Руанда од 1994-та година, вклучувајќи го и Радиото Мил Колинс. Етиопискиот премиер рече дека станицата практикувала „огромно непочитување на минималните етички стандарди на новинарството“.
Директорот на Гласот на Америка Денфорт Остин во четвртокот издаде соопштение велејќи дека „секаква споредба на програмата на Гласот на Америка со програма што поттикнала геноцид, како онаа на Радиото Мил Колинс, е неточна и жална“.
Денфорт кажа дека „Гласот на Америка попречувањето на сигналот за емитување на програмата го смета за форма на медиумско цензурирање, каде и да се појави“.