Во неделата во Лос Анџелес традиционално беа доделени овогодишните награди Еми, за достигнувања во телевизиската индустрија. Трета година по ред, наградата за најдобра драма ја освои серијата „Mad Men“, во која е прикажан светот на рекламирањето во Њујорк во 1960-те години. „Modern Family“ зеде Еми за најдобра комична тв-серија. На популарната емисија – пародија на дневни настани, „The Daily Show With Jon Stewart“, ова и` беше осмо Еми по ред во категоријата сериja со голема разновидност, музика и комедија. Хуманитарната награда Боб Хоуп годинава му беше доделена на актерот Џорџ Клуни.
На популарната емисија – пародија на дневни настани, „The Daily Show With Jon Stewart“, ова и` беше осмо Еми по ред во категоријата сериja со голема разновидност, музика и комедија.